Симона Николовска си замина од Ваиблинген

Поранешната македонска репрезентативка Симона Николовска не е повеќе ракометарка на германскиот Ваиблинген.

Второлигашот објави дека нашата интернационалка иако имаше договор до крајот на сезоната, побара раскина предвреме.

„Симона во понеделникот побара предвремен раскин на договорот поради приватни причини и најави дека сака пауза од ракометот“, објавија од Ваиблинген.

29-годишното лево крило се пресели во Ваиблинген во 2016 година, откако претходно го носеше дресот на Металург и имаше настапи во Лигата на шампионите, Челинџ Купот, ЕХФ Купот и Купот на победниците на куповите. Беше дел и од Кометал Ѓорче Петров.