Симовски: Ja респектираме Романија, одиме во Букурешт да се претставиме во најдобро светло

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска замина за Романија каде што утре во Букурешт го игра првиот дуел од баражот за СП во Шпанија. Романките се сериозен ривал против кој ќе мора да се покаже најдоброто.

Противникот влегува со улогата на фаворит на оваа пресметка, па ќе биде сигурно доста интересно на терен каде ќе треба да се одработи најдобро.

Пред овој дуел селекторот Симовски не зборуваше многу со оглед на тоа што веќе е кажано сè за противникот и добро е познато со каков ривал се соочува Македонија така што останува девојките на терен да го покажа она што е подготвено.

„Одлично ги одработивме тренинзите во последните неколку дена и дуелот против Романија го очекуваме со одлична атмосфера. Девојките се мотивирани за натпреварот. Го респектираме составот на Романија, а одиме да прикажеме добра игра. Ќе се потрудиме да одработиме најдобро што можеме и да одработиме на ниво“, вели селекторот Симовски.

Средбата се игра утре од 17 часот, а утре наутро ќе биде одржан и тренинг. Ракометарките пред денешното заминување одработија тренинг така што останува она што го тренираа и да го спроведат на дело.