Симовски ќе води женска екипа – седнува на клупата на Ѓорче Петров

Поранешниот селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, повторно се врати на женскиот клупски ракомет.

Откако седеше на клупата на новиот суперлигаш Скопје, и ја прекина соработката по неколку месеци, Симовски веднаш најде нов ангажман – ќе го води тимот на Ѓорче Петров.

Дебито на Симовски е на дербито со Металург во Автокоманда, а ова е негов камбек во женскиот клупски ракомет, откако пред две сезони го водеше актуелниот првак Куманово.

Ѓорче Петров од стартот на сезоната го водеше Оливер Димитриоски, а по неговото заминување на клупата седеа Милева Велкова и Ангел Велков, кои ќе останат и во стручниот штаб на Симовски.