Симовски мораше принудно да менува, повика две нови ракометарки

Женската сениорска репрезентација на Македонија веќе ги одработува подготовките за квалификациите за баражот за СП, а селекторот Симе Симовски мораше да направи принудна измена поради повреда на една од ракометарките.

Левото крило на Чаир, Анастасија Николовска поради скинати лигаменти не можеше да се појави на тренинзите. Затоа на тренинзите се две други ракометарки кои играат на истата позиција.

Повикани се Марија Тасевска од тимот на Металург и Мила Тајковиќ од Куманово, па вчера на тренингот имаше 20 ракометарки така што после денешното приклучување бројката ќе биде 21 ракометарки од кои ќе се бираат 16 за натпреварите кои почнуваат во петок.

Веќе се знае дека средбите ќе се играат во нови термини и сите дуели на кои ќе биде и Македонија почнуваат од 12 часот.