Симовски: Минимална е победата, ама многу слатка

Женската репрезентација на Македонија со три победи на три меча обезбеди место во баражот за Светското првенство во Шпанија.

Избраничките на Симе Симовски во последниот меч триумфираа над Грција со 20-19, иако не одиграа на посакуваното ниво.

„Честитки за победата на моите ракометарки, затворивме со триумф, ама од начинот на игра не сум премногу задоволен. Дојдовме во една интересна завршница, поведовме со два гола, потоа противникот имаше шанса за реми, но се одбранивме. Победата е еден разлика, ама слатка е. Имаме три победи, ритамот беше напорен, затоа што една година немавме активности. Задоволен сум како девојките го прифатија системот на работа, се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри. Самодовербата по овие победи кај сите е поголема, сега го чекаме баражот каде се наоѓа европскиот ракометен крем“ изјави Симовски.

Македонија утре ќе го добие ривалот во баражот за Светското првенство во Шпанија, а натпреварите ќе се играат во април.