Симовски објави поширок список пред Романија – новитети се Божиновска, Гроздановска и Величковска (ФОТО)

Селекторот на женската репрезентација, Симе Симовски, го објави поширокиот список на ракометарки пред бараж двомечот со Романија за пласман на Мундијалот во Шпанија.

На списокот има 35 ракометарки, а деновиве се очекува и финалното кратење на списокот.

Нови имиња во споредба со претходниот поширок список се Симона Гроздановска од швајцарскиот Винтертур, која игра на десно крило и десен бек, Габриела Величковска од францускиот третолигаш Биариц, како и ракометарката на Металург, Ива Божиновска.

На списокот ги нема повредените Анастасија Николовска, Савица Мркиќ и Марија Гајиќ.

Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Букурешт, Романија на 17 април во 17:00 часот, а реванш натпреварот за пласман на СП е закажан на 21 април во 17:45 часот во СЦ Јане Сандански.