Симиќ: Тиквеш е во ТОП 4 македонски екипи, ќе го докажеме тоа!

Екипата на Тиквеш на гостувањето во Охрид кај истоимената екипа во трилер меч беше поразена со 22:21.

По денешниот пораз, тимот од Кавадарци падна на 5. позиција на табелата, додека Охрид го презеде четвртото место, кое носи пласман во Европа.

Српскиот интернационалец во редовите на Тиквеш, Страхиња Симиќ посочи дека ништо не е изгубено и дека на крајот неговиот тим ќе ги оствари зацртаните цели.

,,Сите знаевме дека ова ќе биде неизвесен дуел, во кој ќе одлучуваат детали. Не знам што би кажал, добро е за македонскиот ракомет да се играат вакви квалитетни натпревари, пред полни сали. Ние покажавме карактер и борба и ништо не е изгубено. Зад нас се две тешки натпревари, но мислам дека сме четврта екипа по квалитет во Македонија и тоа ќе го покажеме до крајот на првенството”, изјави Симиќ.

Во следното коло Тиквеш на свој терен ќе го пречека незгодниот состав на Бутел Скопје, кој против кавадарчани триумфираше на првиот дуел од суперлигашкиот пле-оф.

Охрид фаќа залет кон Европа, Тиквеш на колена во трилер меч!