Симиќ: Добив повеќе од 10.000 пораки, цела држава е со нас

Репрезентацијата на Црна Гора е хит на Eвропското првенство, Црногорците после поразот во првото коло од Данска победија на наредните три дуели.

Целиот тим игра фантастично, голманот Небојша Симиќ брани на врвно ниво во моментите кога е тоа најпотребно. Црногорецот за медиумите сподели колку е голема поддршката која ја имаат од секаде, а особено од нивната земја.

„Искрено, кога започна првенството одговарав на сите пораки кои ги добивав. Сакам да одговорам на сите. Но сега добив 10.000 пораки и не можам да одговорам, ова е вистина не лажам. Тоа е фантастично, целата државе е со нас“, рече Симиќ.

Нова можност за докажување репрезентативците на Црна Гора имаат веќе денеска кога за противник ќе ја имаат селекцијата на Холандија. Натпреварот се игра со почеток во 15:30 часот.