„Сигурен сум дека Доне нè гледа некаде од горе“

По завршувањето на ревијалниот натпревар меѓу поранешните и актуелните репрезентативци, на публиката се обрати Ванчо Димовски.

Ракометарите не заборавија на еден од ракометните работници кој има големи заслуги за подемот на машкиот репрезентативен ракомет, Андон Бошковски, а почина минатата година.

„Драго ни е што се собравме сите за да им посакаме среќа на овие момци на СП. Но има еден што не е овде меѓу нас, а беше многу важен член на националниот тим. Ве молам сите еден голем аплауз за Андон Бошковски. Сигурен сум дека нè гледа некаде од горе“, кажа Димовски.

Бошковски беше дел од стручниот штаб на Звонко Шундовски на ЕП 2012 година, кога нашата репрезентација го освои петтото место.