„Се чувствував како дел од мафијашка група што со полиција ја спроведуваат дома“

Клупската колешка на македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска од Подравка, Дијана Мугоша, беше меѓу последните жители на Црна Гора што се вратија во татковината пред да бидат затворени границите поради борбата со коронавирусот.

Таа патувала цел ден, а сега се наоѓа во изолација во студентски дом во Подгорица, каде ќе остане две седмици.

„Тргнавмеоколу 04:30 наутро, а околу 15:00 часот бевме на граница. Превоз за нас, десетмина Црногорци од Хрватска беше организиран од нашата Амбсада во оваа земја. Неколку часа чекавме на граница, а оттаму со полиција бевме спроведени до Студентски дом“, вели Мугоша за порталот „МNErukomet“.

Таа опиша како се чувствувала додека се враќала во тактовината.

„Мислев дека сум во некоја филм. Како да сум дел од некоја мафијашка група, па полиција ме враќа дома“, низ смеа изјави Мугоша.

Со Подравка ја чека настап на завршниот турнир во Купот на ЕХФ, додека со црногорската репрезентација ја очекуваат квалификациите за место на Европското првенство во Норвешка и Данска.