„Се сметав за глупава, не знаев правопис…“

Ракометарката на Оденсе, Рике Иверсен, во интервју за данскиоот весник „ekstrabladet“, зборуваше за нејзиниот голем проблем во својот живот, а тоа е дислексијата.

29-годишната ракометарка има делумно нарушување на способноста за совладување на вештините за читање и пишување, но интересен е фактот дека и било дијагностицирана дислексија дури во годините кога одела во средно училиште.

„За болеста дознав дури во средно училиште. На десет години, кога правев грешки, постојано ми велеа: „Едноставно не ги научи правилата“ и „Само лошо пишуваш“. Кога докторот конечно ми кажа дека имам дислексија, бев пресреќна. На крајот на краиштата, сите овие години се сметав себеси за крајно глупава. Сега веќе не сум глупава. Јас бев само таа што не знаеше правопис. Имаше причина за сите солзи што ги ронев во основно училиште. Тие всушност не беа поради тоа што не се трудев во учењето. Навистина можев да се ослободам од сето тоа ако порано ми беше дијагностициран овој проблем“.

Иверсен со тимот на Оденсе стигна до титулата во данскиот шампионат оваа сезона и ќ игра во Лигата на шампионите.