Се разгореа страстите пред „светата војна“ – Келце не сака да игра со Висла во предвидениот термин

Тимот на Келце не сака да го игра натпреварот против Висла во предвидениот термин, од Келце апелираа да се одложи овој натпревар од полското првенство.

Келце и Висла треба да играат на 14-15 мај, односно помеѓу четвртфиналето од Лигата на шампионите каде што Келце ќе игра против Монпеплеј. Претходно од полската лига се согласија да се презакаже дуелот за на 22. мај, меѓутоа Висла се спротистави.

„Висла е против промената на датумот. Апелираме да се задржи претходно договорениот датум. Спортот и ракометот се заосноваат на фер-плеј, па затоа комсерот на Суперлигата мора да ги земе во предвид желбите на двете страни, не само на едната. Ако сака да игра на европска и домашна сцена секој клуб треба да биде спремен на густ распоред и да го прифати календарот таков каков што е“, изјави претседателот на Висла Роберт Чвартек.

Од Суперлигата порачаа дека се водат преговори.

„Преговараме со двата клуба за да го одредиме конечниот термин, сакаме да ги одржиме фер и еднакви шансите во борбата за титулата во лигата. Информациите за датумот на натпреварот ќе бидат објавени во наредните денови“, истакнаа од полската Суперлига.