Се подготвуваат за настап на Европското првенство, ама без селектор!

Женската репрезентација на Германија се подготвува за настап на Европското првенство во Данска, ама без селектор.

Предводник на бундес тимот, Хенк Гроенер, поради коронавирус се уште се наоѓа во домашна изолација и требаше да се приклучи на тимот пред два дена, но тоа не се случи, иако до првиот дуел со Романија има уште пет дена.

„Ќе му дадеме време на селекторот колку што му треба за да се опорави. Кога ќе биде безбедно, ќе и се приклучи на репрезентацијата“, објавија од германската федерација.

Додека тој е отсутен, со ракометарките работат неговите помошници.

Германија ќе игра на ЕП во група со Романија, Норвешка и Полска.