„Се надевам дека Дејвис ќе ми дава шанса да играм барем 10-15 минути“

Еден од новите ракометари во унгарскиот првак Веспрем, ќе биде повратникот во тимот, левиот бек Патрик Лигетвари.

Тој беше на позајмица во шпанската Ла Риоха, а следната сезона ќе им се придружи на Вуко Борозан и Николај Маркусен.

„Во Веспрем сметаат на мене за следната сезона. Можам да играм во двата правци. Ако тренерот ми дава шанса да играм 10-15 минути по натпревар, ќе бидам задоволен и многу ќе научам. Радосен сум што ќе има Ф4 во декември, и се надевам дека конечно ќе го освоиме тој трофеј“, вели Лигетвари за „Немзети Спорт“.

Покрај Лигетвари, во Веспрем доаѓаат Маркусен, Шишкарев, Коралес и Македа, а заминаа Гајиќ, Терзиќ и Пачковски.