„Се лажат тие што мислат дека Вардар е ослабен – борбата за титулата ќе биде тешка“

Ривалството меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар сезонава сигурно ќе продолжи, а битолчани се тие кои се под притисок, зашто треба да ја бранат титулата. Тимот од Битола ќе изгледа поинаку од лани, и настапот во Лигата на шампионите донесе и поголема конкуренција во екипата, нови, поискусни играчи кои зад себе имаат големо педигре. Србинот Урош Борзаш е еден од оние што треба да биде „топот“ на битолчани, да ги „кине“ ривалските мрежи.

Потекнува од Војводина, но сите младински категории ги мина успешно во Унгарија како дел од академијата на Веспрем па и во селекцијата на таа земја. Но, како сениор реши да игра за Србија. Неговиот гол за Србија постигнат во последната секунда на дуелот со Норвешка во квалификациите за ЕП беше доста „вртен“ на интернет.

Додека сите зборуваат само за лигата на шампионите, Борсаш смета дека и во домашното првенство ќе биде неизвесно и тешко.

„Потешко ќе биде да се одбрани, отколку да се освои. Се лажат луѓето дека Вардар е слаб, бидејќи доста играчи заминаа. Тие сега имаат млади играчи кои досега не играле тука и ќе сакаат докажување. Па и Алкалоид е тука. Ќе биде тешко. Со притисокот треба да се избориш. Ќе има поинаков притисок, ракометот е број 1 и тука го знаат и го разбираат, вели Борзаш во интервјуто за 24ракомет.

Иако е кратко во Македонија веќе го пофали клубот и работата тука.

„Овде она што досега го видов се е слично на европскиот. Има малку и шпански и скандинавски, и добра тактика. Јас се уште сум немал прилика да живеам и да играм во Македонија. Ниту пак во Србија. Мислам дека нема да ми биде тешко да се прилагодам. Ќе ми годи да играм пред домашните навивачи, изјави Борзаш.

Целото интервју со Урош Борзаш за 24Ракомет ТВ можете да го погледнете тука…

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!