Се исполнија ли сите услови за камбек на Карачиќ во Вардар?

Новиот претседател на Вардар, Михајло Михајловски, најави дека за да се врати Игор Карачиќ во „црвено-црниот“ дрес треба да се случи чудо.

Таквото „чудо“ веќе е во најава, со оглед на тоа што полскиот првак остана без главниот спонзор.

Хрватот има уште две години договор со Келце, но веќе е најавено дека клубот ќе мора да се ослободи од најскапите ракометари, а меѓу нив се токму Карачиќ, Душебаев и Вулф.

Промените во приватниот живот на Карачиќ исто така се уште еден плус за Вардар во преговорите, па можно е тоа што досега не беше многу реално, да се оствари многу лесно.