Се зголемуваат „ривалите“ на Македонија: И Русија бара вајлд-карта за Мундијалот во Египет!

Ракометната федерација на Македонија ќе побара вајлд-карта за Светското првенство во Египет следната година.

Нашата репрезентација остана без шанса да се бори за настап на теренот против Франција бидејќи ЕХФ ги откажа квалификациите пред еден месец.

Покрај Македонија, место на Мунијалот ќе бараат и Полска, Црна Гора, Србија, а денеска и руската федерација објави дека ќе го стори истото.

Светската ракометна федерација најдоцна на почетокот на ноември треба да донесе одлука кому ќе ги додели вајлд-картите.

Toа може да се случи и порано доколку се одиграат (или откажат) квалификацискиот турнир во Средна и Јужна Америка, како и првенството на Северна Америка и Карибите.