Се жалат дека немаат пари, а луксузно ги опремија клупските простории! (ФОТО)

Полскиот првак Келце, неколку години наназад има финансиски проблеми, но се очекува тие да кулминираат на почетокот на следната сезона.

Двата најголеми спонзори ќе ги намалат финансиите на половина, а тренерот Талант Душебаев најави дека можеби ќе треба да продаваат некој од најскапите ракометари – Душебаев, Карачиќ или Вулф.

Сепак и покрај финансиските проблеми, Келце ги реновираше клупските простории и луксузно ги опреми, а реновиран е и ВИП делот во салата „Легионово“ каде што се играат натпреварите.

Лани ова време, Келце се поднови и со луксузен автобус за патувањата низ Полска за натпреварите од домашниот шампионат.