Сервас најави ново засилување за Келце – не е ниту од Балканот, ниту од Франција

Полскиот шампион Келце оваа сезона посакува европска титула, а за таа цел потребни му беа неколку засилувања во тимот. И покрај победата над големиот ривал, Веспрем во Лигата на шампионите од 32:29, раководството на клубот работи на подобрување на екипата и пополнување на сите позиции со минимум три искусни ракометари.

Претседателот на Келце, Бертус Сервас, на социјалната мрежа Твитер објави дека екипата ќе се засили со нов ракометар.

Сервас потенцираше дека новиот ракометар во Келце не доаѓа од балканските земји, ниту од Франција или Холандија. Сепак, под знак прашалник е доаѓањето на новиот потенцијален ракометар во составот предводен од Талант Душебаев.

„Шансите за успех на трансферот се 51%. Натпреварот и играта во Лигата на шампионите против нашите пријатели од Веспрем е многу важна за успешно реализирање на трансферот. Потенцијалниот нов ракометар не е од балканските земји, Франција или Холандија. Кој е тој? Јас знам“, напиша Сервас на Твитер.