Селекторот сака да ги собере играчите, клубовите не ги пуштаат

Новиот селектор Гијом Жил планираше да има репрезентативен собир на почетокот на август во Кретеј.

Но планот на Жил и на француската федерација го расипаа клубовите, кои не сакаат да ги ослободат своите играчи на два дена во термин во кој не мораат да го направат тоа.

ПСЖ, Монпелје, Екс ан Прованс, Ним и Сен Рафаел соопштиле дека нема да ги ослободат нивните играчи со оглед на тоа што се среде подготовки за новата сезона.

Клубовите сметаат дека тоа негативно би се одразило врз играчите, па така Жил ќе мора да почека до 2 ноември, кога почнува првата ЕХФ недела за мажи во новата сезона.