Селекторот на Данска внимателен, во изолација ќе ги чека ракометарите

Репрезентацијата на Данска, која е носител на групата за ЕП 2020 во која игра и Македонија на 4 ноември ќе има дуел со Швајцарија, а три дена подоцна против Финска, а селекторот Николај Јакобсен ќе ги собере ракометарите в понеделник.

Со оглед на тоа што ситуацијата со коронавирусот низ светот е хаотична тој не сака да го загрози играчите и самиот се повлече. Тој е во самоизолација во местото Тур, па в понеделник ќе се појави во Хернинг каде што ќе ги собере играчите на кои смета за двата квалификациски дуели.

„Мојата ноќна мора е да излезам некаде, да се заразам и потоа вирусот да го пренесам на нашите репрезентативци. Тоа е една од најлошите работи кои можам да ги направам“, вели селекторот на Данска, кој е внимателен.

Данска и Македонија своите средби од квалификациите ќе ги одиграат во март.