Селекторот на БиХ, со играчи на Еурофарм Пелистер и Металург против Естонија

Тројца ракометари кои настапуваат во тимовите од Македонија се најдоа на списокот на селекторот на БиХ, Билал Шуман за натпреварите против Естонија во јануари.

Шуман се одлучи на скратениот список да ги стави двајца ракометари на БиХ, Марин Вегар и Јосип Периќ. Покрај нив тука е и Марко Тарабокија од Металург, па тие ќе треба да бидат носители на тимот со кој НиХ ќе се обиде да дојде до позитивен резултат.

На списокот на резерви се најде пивото на Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан така што постои можност и тој да биде активен во следниот период.

Станува збор за натпревари кои се играат од квалификациите за Европското првенство во 2022 година. На 6 јануари натпреварот се игра во Полва во Естонија, а на 10 јануари е реваншот во Бугојно.

Селекцијата на БиХ веќе има одиграно натпревар од квалификациите и тоа против Германија. На гостувањето во Диселдорф загуби со 21:25. Естонија, пак, загуби против Австрија на гости со 28:31, а дома против Германија претрпе пораз од 23:35.