Селекторот има коронавирус – Ласло Наѓ ќе ја води Унгарија!

Унгарската репрезентација ја чекаат натпреварите од Евро Купот против Шпанија и Хрватска, но на тие двобои ќе биде хендикепирана.

Покрај тоа што нема да може да играат голем број ракометари што поради повреди, што поради коронавирус и карантини насекаде, Унгарците нема да ги води ниту селекорот Иштван Гулјаш.

Тој потврди дека има коронавирус.

„Навистина ми е жал што не можам да бидам со момците бидејќи не можевме да работиме по ЕП во јануар. Но разговаравме со колегите Чема Родригез и Ласло Наѓ и нонстоп сме во контакт на телефон. Направена е програмата за работа, па се ќе се одвива според планот. Во добра состојба сум, немам симптоми, но секако морам да останам во карантин и да се придржувам на правилата“, вели Гулјаш за „Незмети Спорт“.

Во негово отсуство, домаќинот на Европското првенство во 2022 на натпреварите со Шпанија и Хрватска ќе го водат Чема Родригез и Ласло Наѓ.