Седум клуба сменија тренер по една полусезона

Во најквалитетното натпреварување во Босна и Херцеговина, речиси половина од екипите направија смена на тренерските позиции на полусезона.

Седмиот клуб во БиХ, кој моментално остана без тренер, е Искра Бугојно, во кој брани голманот од Македонија, Александар Стојаноски. Иако клубот од Бугојно одигра солидно во првиот дел од сезоната, сепак, довчерашниот тренер Амир Шахман си поднесе оставка.

Пред Иксра Бугојно, тренери сменија екипите на Криваја, Градачац, Слога, Маглај, Слобода Тузла и Босна Високо.

Дел од споменатите екипи како Криваја, Слобода Тузла и Слога од Добој претендираат за учество на европска сцена, иако конкуренцијата за првите пет позиции на табелата е голема.

Вториот дел од сезоната во босанскиот шампионат ќе започне во текот на месец февруари.