Седлоска и Локомотива Загреб во вториот шешир пред ждрепката за групите во ЛШ

Откако вчера ги објави екипите што ќе бидат дел од новата сезона во Лигата на шампоните, денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави шеширите пред ждрепката и кај дамите.

Младата репрезентативка на Македонија, Андреа Седлоска ќе биде единствената претставничка од Македонија во женската Лига на шампиони. Седлоска со Локомотива Загреб се наоѓа во четвртиот шешир пред ждрепката за групната фаза.

Хрватскиот шампион во четвртиот шешир е заедно со Бањик Мост од Чешка, Кастамону од Турција и романскиот вицешампион, ЧСМ Букурешт. Тоа значи дека репрезентативката на Македонија со нејзиниот клуб ќе имаат тежок предизвик во елитното клупско натпреварување бидејќи екипите од типот на ФТЦ, Ѓер, Брест Бретањ, Рапид Букурешт… се можни ривали на хрватскиот шампион.

ЕХФ соопшти дека форматот за новата сезона останува ист како и во изминатите две сезони. За новата сезона останува да важи правилото дека две екипи од иста земја не можат да играат во иста група.

Ждрепката ќе се одржи на 1 јули во Виена од 11:00 часот. Во новата сезона титулата ќе ја брани старо-новиот шампион Вајперс Кристијансад од Норвешка.