ПИК Сегед повторно победува – Банхиди со 8 гола против Мешков Брест

Ракометарите на Пик Сегед ја оправдаа фаворитската улога и славеа како домаќини против екипата на Мешков Брест со 28-26 во 12. коло од Групата А во Лигата на шампионите. Унгарците со новите бодови се на делба на третото место во групата со шанси да стигнат и до едно од првите две кои водат директно во четврт-финалето.

Пик Сегед по изненадувачкиот пораз од Загреб минатото коло успеа да се издигне и во тесен и неизвесен натпревар го совлада шампионот на Белорусија. Клучен за триумфот на домашните беше Бенце Банхиди со 8 гола од 11 обиди, од што неколку во завршните минути од мечот кога гостите намалуваа на гол разлика.

Мешков остана на дното на табелата во групата, но и покрај поразот покажа дека е во добра форма, а токму во следното коло во Белорусија патува македонскиот првак Вардар кој брка место меѓу 16-те најдобри во ЛШ.

Почетокот на мечот во Сегед им припадна на гостите кои во четири наврати имаа плус два позитива. Но Сегед не дозволи противникот да го диктира ритамот на игра и во 20. минута преку Гарсиандиа го презема водството кое го сочува до полувреме. На паузата домаќините заминаа со позитива од два гола, 16-14.

Почетокот на второто полувреме и припадна на екипата на Сегед и ја зголеми предноста на четири разлика, 20-16. Во 52-та минута со голот на Валјупов, екипата на Мешков го израмни резултатот највувајќи можно изненадување, но Белорусите немаа сили за целосен пресврт. Банхиди и Шоштариќ се погрижија Сегед да ја врати предноста од два гола. Конечните 28-26 ги постави австрискиот репрезентативец Себастијан Фримел.

Најефикасен во редовите на Пик Сегед беше Банхиди со осум погодоци. Во составот на Мешков Брест прв стрелец беше Сретеновиќ кој запиша седум погодоци зад своето име.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140