Свечено отворено СП – 32 селекции ги почнуваат мундијалските битки (ФОТО)

Вечерва во Катовице свечено беше отворено Светското првенство 2023 во машка конкуренција.

На Мундијалот, на кој Полска и Шведска ќе бидат ко-организатори, ќе учествуваат 32 селекции, меѓу нив и Македонија.

Нашите ракометари стартуваат на 13 јануари со дуел против Норвешка, а во групата се Аргентина и Холандија.

Актуелен бранител на титулата е репрезентацијата на Данска, која на Мундијалот во Египет (2021) славеше во големото финале против Шведска со 26:24.

На првиот натпревар на Светското првенство, кој ќе се одигра денес и ќе стартува со почеток од 21:00 часот, силите ќе ги одмерат Полска и Франција.