Светскиот шампион Норвешка доаѓа во Македонија во април

По титулата на Европското првенство минатата година, селекцијата на Норвешка го освои златото и на Светското првенство во Шпанија.

Норвежанките имаат обезбедно директно место на следното ЕП во Македонија, Словенија и Црна Гора во 2022 година, како и на следното СП во Норвешка, Данска  Шведска како едни од домаќинките.

Во меѓувреме тие се дел од Евро Купот, каде што игра и женската репрезентација на Македонија, па овие две селекции ќе одиграт двомеч во април.

Македонија најпрво во март два пати ќе се соочи со Словенија, а на 20/21 април во Скопје доаѓа светскиот шампион Норвешка, а три дена подоцна нашата селекција ќе гостува во скандинавската земја.