Светска шампионка реши да се пензионира, ќе работи како агент за недвижнини

Ракометарка од Франција која во 2017 година го освои златниот медал на Светското првенство, Лориса Ландре одлучи да стави крај на играчкта кариера и да се посвети на работа надвор од терените.

Таа одлучи дека е време да почне да работи како агент за недвижнини.

„Имам долга и успешна кариера. Направив многу и задоволна сум. Одлучив дека е време да заминам во пензија. Ќе се посветам на работата како агент за недвижнини“, вели 34-годишната Ландре, која беше ракометарка на Мец.

Со Франција покрај златото на Мундијалот во 2017 година има и сребро на Олимписките игри и бронза од Европските првенства. Покрај тоа доби и Орден на честа на Франција во 2016 година.