Сања Дабевска со одлична партија, Дунајварош со сензационална победа над Шиофок

Македонската репрезентативка, Сања Дабевска, имаше одличнна партија во дресот на Дунајварош, а нејзиниот тим беше убедлив против Шиофок со 27:19. На полувреме резултатот беше нерешен, 12:12. Во вториот дел, гостинките постигнаа само седум голови поради убиствената одбрана на противникот.

Шиофок со далеку поголем буџет и поквалитетни ракометарки повторно киксираше против послаб противник во домашното првенство. Дабевска беше меѓу главните стрелци со три постигнати гола во мрежата на противникот. Освен во нападот, Дабевска, играше одлично и во одбраната.

Дунајварош со денешната победа се искачи на осмата позиција на табелата со 12 бодови. Шанси за пласман во најдобрите шест екипи и излез на европска сцена постојат, но колешките на Дабевска треба да ја задржат победничката серија и во наредниот период.

Следен предизвик за Дунајварош е актуелниот шампион на Унгарија, Ѓер.