Стартува меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, два меча на програмата (ЛИНКОВИ)

Во организација на фондацијата „Марко Божиновски“, денеска стартува првото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој се игра во чест на прерано починатиот млад ракометар.

Шест кадетски македонски и по една српска и хрватска екипа, ќе играат поделени во две групи секој со секого, а на последниот ден на турнирот ќе се играат и натпреварите за пласман.

Денеска се предвидени два натпревари во кои ќе се сретнат екипите на Вардар и Бутел Скопје, а потоа ќе играат и Голден Арт и Еурофарм Пелистер.

За утре е предвидено свеченото отворање, а ќе се одиграат уште четири натпревари.

Меморијален турнир „Марко Божиновски“, распоред на натпревари:

Група А: Војводина, Пролет, Вардар, Бутел Скопје
Група Б: Нексе, Алкалоид, Голден Арт, Еурофарм Пелистер

14 јуни
17:30 Вардар – Бутел
19:00 Голден Арт – Еурофарм Пелистер

15 јуни
09:30 Војводина – Бутел
11:00 Пролет – Вардар
16:45 официјално отворање
17:30 Нексе Нашиице – Еурофарм Пелистер
19:00 Алкалоид – Голден Арт

16 јуни
09:30 Нексе Нашице – Голден Арт
11:00 Алкалоид – Еурофарм Пелистер
17:30 Војводина – Вардар
19:00 Пролет – Бутел

17 јуни
09:00 Војводина – Пролет
10:30 Нексе Нашице – Алкалоид
13:00 Натпревар за 7 место (А4 – Б4)
14:30 Натпревар за 5 место (А3 – Б3)
16:00 Натпревар за 3 место (А2 – Б2)
18:00 Натпревар за 1 место (А1 – Б1)
20:30 Церемонија на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турниот