Сара Ристовска добива нов тренер после Ф4 во Будимпешта

Екипата на ЦСКА Москва која минатиот викенд дојде до титулата во шампионатот на Русија наскоро ќе добие нов тренер, а тој ќе доаѓа надвор од Русија.

Иако ЦСКА Москва предводена од Олга Акопјан дојде до титулата, сепак, директорот на клубот Едуард Акопјан изјави дека во сезоната која ќе следува клубот ќе биде предводен од тренер странец.

„Веќе имаме потпишано договор со тренерот кој ќе го преземе водењето на клубот од ова лето. Планираме да го објавиме неговото име после Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Сегашниот тренер Олга Акопјан ќе остане и понатаму дел од оваа екипа“, вели Едуард Акопјан.

Ова значи дека Сара Ристовска и колешките во текот на следната недела официјално ќе добијат нов тренер за следната сезона.