Сара Ристовска ги построи момците од ЦСКА Москва

Ракометарките на ЦСКА Москва во подготовките за новата сезона во обид да се дојде до посилна контрола противници бараат и во машките тимови, а во пресрет им излегоа момците од ЦСКА Москва 2.

Девојките беа безмилосни, па во натпревар кој се играше 3х25 минути стигнаа до победа од 42:32 со што само покажаа дека веќе се добро подготвени за новата сезона. Главна на теренот беше засилувањето на голманската позиција Ана Седојкина, па јасно е дека ЦСКА Москва станува тим кандидат за титулата.

Ова беше прва контрола за Сара Ристовска и за колешките на стартот од подготовките, па јасно е дека допрва од нив ќе се види најдоброто така што ќе има уште можност за напредување.