Санталов не доаѓа во Вардар – потпиша тригодишен договор со Мешков Брест!

Левиот бек што требаше да биде едно од засилувањата за европскиот шампион Вардар сепак нема да дојде во Скопје.

Дмитри Санталов од Чеховски Медведи ќе се пресели во Мешков Брест, откако потпиша договор на три сезони со белорускиот шампион.

Рускиот репрезентативец имаше преддоговор со претходното раководство на „црвено-црниот“ тим, но тој очигледно не важи и за „новиот“ Вардар.

Сега станува јасно дека европскиот првак на левата бековска позиција ќе смета на услугите на Филип Талески и Кристијан Дисингер.