Само што се врати од паузата поради бременост, одново мора на пауза

Голманката на Брест и на репрезентацијата на Франција, Клеопатра Дарле во кратко време мораше на две пауза, но од различни причини.

Првата беше убава поради раѓањето на нејзиното дете, но откако се врати и успеа одново да застане на голот мораше по вторпат да остане во својот дом.

„Не очекував дека така брзо на терените. Навистина влегов во форма и сè беше убаво, но не очекував ваква ситуација. Сега одново сум дома, а доброто во целата ситуација е тоа што можам да поминам повеќе време со мојата ќерка и сопругот. Ја ослободивме дадилката, а ова е бонус за семејниот живот. Се плашам дека сезоната е завршена. Никој не тренира така што ќе биде тешко да се почне одново среде сезона“, вели Дарле.