Само што почнаа со подготовки, радовишани веќе договорија пет контроли

Екипата на Радовиш во новата сезона одново има амбиции за висок пласман, а тимот е засилен во однос на лани.

Тренерот Љупчо Мијалов веќе неколку дена ги води тренинзите на отворено и сите момци се во ритам така што сè оди според планот во моментов. Веќе е направен комплетниот план, а ќе се тренира само во Радовиш бидејќи се имаат потребните услови за работа.

Со оглед на тоа што планот е после 15 август да се почне со контролни средби веќе се знае и кога ќе бидат одиграни контролните натпревари и против кого. Во опција се пет дуели, а се работи за двобои со Младост Богданци, ГРК Тиквеш и Прилеп.

Првиот натпревар ќе биде на 19 август против ГРК Тиквеш во Кавадарци, потоа ќе биде одиграна првата средба против Младост Богданци три дена подоцна. Кавадарчани ќе гостуваат во Радовиш на 26 август, додека на 29 август ќе биде одиграни уште еден натпревар против Младост Богданци. Петтиот натпревар е против Прилеп и тој е закажан за 4 септември.

Останува само да се види каков ќе биде протоколот за одигрување на пријателски натпревари за да се запазат сите потребни мерки.