Само што заминаа од Вардар, Њокаси освоија нов трофеј!

Француските интернационалци Оливие и Кевин Њокас, по заминувањето од Вардар, се упатија кон Бахреин.

Тие со нивниот тим Ал Наџма, со кој имаат краткорочен договор, го освоија трофејот на Заливскиот Куп.

Во финалниот натпревар, Ал Наџма го совлада составот на Ал Мудар од Саудиска Арабија со 15 голови разлика, 39-24.

Со овој триумф, Ал Наџма обезбеди место на Супер Глоуб, а следен предизвик за браќата Њокаси и нивниот тим ќе биде настапот на Африканското клупско првенство.

Француските интернационалци од Македонија си заминаа со двојната круна – со Вардар ги освоија и првенството и Купот.