Сагосен: Никогаш не сум бил подобар и посамоуверен

Во пресрет на полуфиналето од Европското првенство најдобриот играч на Норвешка моментално најдобар стрелец на шампионатот е полн со самодоверба.

Полуфиналето се игра во петок од 18 часот, а доколку избраниците на Лино Червар сакаат пласман во финалето ќе мора добро да се подготват да го сопрат играчот на ПСЖ.

„Ќе биде тоа 60 минути жесток ракомет. Не очекува дуел со многу квалитетен тим и одлични индивидуалци. Ќе биде важно во нападите да бидеме постојано опасни по голот. Одлични играчи се, ако сте малку невнимателни тука се и веднаш ќе ја украдат топката. Мораме да донесуваме исправни одлуки во нападите. Ние никогаш ја немаме освоено титулата од ЕП, Шпанија и Хрватска ја имаат освоено. Но ние никогаш не сме биле подобри од што сме сега, никогаш не сме можеле да одмараме играчи за време на првенстото ова е нешто ново за нас. Знам дека сум во добра форма и останатите играчи исто така, особено сме добри какок екипа“, коментираше Сандер Сагосен во пресрет на полуфиналето со Хрватска.

Сагосен одмараше на дуелот против Словенија и ја чуваше свежината за завршниот викенд. Досега има постигнато 51 гол и е закана да го собори рекордот на Лазаров од првенството во Србија во 2012 година.