Савукинас: Не се плашам од коронавирусот!

Литванскиот стратег Гинтарас Савукинас по четири години на клупата на финскиот шампион Кокс, се пресели во украинскиот првак Мотор Запорожје и веќе дебитираше во Лигата на шампионите.

Сепак неговиот тим беше елиминиран и од СЕХа и од ЛШ, па му останува само да се бори за титулата во украинскиот шампионат и во Купот.

„Главната цел во ЛШ не беше исполнета, а таа беше место во осминафиналето. Во СЕХА Мотор ја играше првата сезона и групната фаза беше успешно завршена, но во плеј-офот бевме елиминирани и тие натпревари ни покажаа каде треба да бидеме подобри“, вели Савукинас.

Во Украина е прогласен карантин и се стопирани сите натпревари од шампионатот. Но литванскиот стратег не се плаши од коронавирусот.

„Не е јасно дали ќе продолжи шампионатот и во каков формат. Во моментов нашите подготовки се сотпирани, но ракометарите работат индивидуално. Очекуваме наскоро позитивни вести. Не, јас не се плашам од коронавирусот. Не е важно во која држава сум, бидејќи епидемијата се шири насекаде низ светот. На крајот на март планирав да си одам дома во Литванија, но тоа беше откажано.

Најголемиот конкурент на Мотор, ЗТР Запорожје, по големите финансиски проблеми, има изменет тим, па Мотор и Савукинас нема да имаат проблеми кон одбраната на титулата во шампионатот, доколку се игра.