Прволигашкото дерби меѓу екипите на Алкалоид и Голден Арт заврши без победник, 25:25. Гостинските ракометари на Никола Матлиески можат да бидат задоволни со освоениот бод бидејќи на две минути пред самиот финиш имаа негатива од три гола.
Екипата на Алкалоид со неколку грешки во последните минути ја пропушти приликата да се израдува на осмата победа во дебитанската сезона во Првата лига.
Тренерот на Алкалоид, Љубомир Савевски не е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници. Како дополнителна причина за денешниот кикс против Голден Арт ги истакна репрезентативните обврски на дел од ракометарите на својата екипа, како и големиот број на промашени удари кон противничкиот гол.
„На последниот тајм-аут се договоривме да немаме исклучување, водевме со три, два, па со еден разлика, на крајот направивме грешки, пикерот шутираше од далеку, не ја задржавме топката до крај. Не сум задоволен, очекував дека полесно ќе поминеме, но ракометарите на гостинската екипа играа многу добро, покомпактно, ние имавме многу промашени удари. Требаше да водиме со 20 разлика, па да го добиеме натпреварот, практично загубивме добиен натпревар“, вели Савевски.
Алкалоид во последните десетина дена не беше комплетен на тренинзите.
„Во последните десет дена нашата екипа не беше комплетна, имавме тројца ракометари со репрезентацијата на Македонија на подготовките, плус помошниот тренер, Билјана Црвенкоска имаше репрезентативни обврски, јас бев болен, додека Бранко сам се справуваше со екипата. Јас реков дека требаше да се одложи натпреварот за во некој следен период, но спротивната екипа не прифати. Имавме само три тренинзи комплетни“, заврши Савевски.
Сега Алкалоид и Голден Арт имаат по 22 бодови на табелата. Поради подобрата гол разлика со останатите екипи, Алкалоид останува на првата позиција на табелата во рамките од Групата Б.
ДРАМА на дербито – Голден Арт со фантастичен финиш, се врати од минус три за реми со Алкалоид!
Матлиески: Среќата ги следи храбрите, Алкалоид беше фаворит само на хартија
Ѓорѓиев: Пресуди нашето неискуство, на реваншот ќе видиме кој е подобар тим
Од минус три до реми за 100 секунди – погледнете го трилер финишот и камбекот на Голден Арт (ВИДЕО)
Битка без победник: Дуел со багаж-историја и суперлигашка еуфорија (ФОТОГАЛЕРИЈА)