Аеродром одработи рутински против Шампион

Тимот на Аеродром по поразот во првото пролетно коло, им се врати на победите во Првата лига и славеше против Шампион со 33-25.

Во првиот дел гостинските ракометари пружија солиден отпор, а на паузата момците на Митко Стоилов водеа со 15-13.

Второто полувреме мина во комплетна доминација на аеродромци и Шампион немаше шанси за некаков камбек во мечот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Никола Иванов со осум и Давид Аврамовски со шест гола, а кај Шампион се истакна Давид Јовчевски со 12 погодоци.

Аеродром е на шестото место со 16 бодови, додека Шампион останува претпоследен на само два бода.