РФМ со премија за кадетките – по 31.000 денари за секоја ракометарка и стручниот штаб!

Женската кадетска репрезентација на Македонија со триумфот над Исланд во финалето на ЕХФ шампионатот обезбеди три големи натпреварувања – ЕП за кадетки, младинки и СП за кадетки.

Кадетките беа на прием кај раководството на РФМ, а претседателот најави подароци и премија за ракометарките и стручниот штаб.

Секоја од ракометарките и членовите на стручниот штаб ќе добијат еднократна парична премија од 31.000 денари.