РФМ одреди град домаќин: Македонија го чека Луксембург во Скопје

Ракометната федерација на Македонија го одреди градот домаќин на првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година во Германија.

Машката репрезентација ќе ја пречека селекцијата на Луксембург во Скопје на 12 октомври, а дополнително ќе биде одредена саатницата.

Четири дена подоцна, избраниците на Кире Лазаров ќе гостуваат во градот Ван на репрезентацијата на Турција.

Покрај Луксембург, Турција и Македонија во квалификациската група 1 се наоѓа и селекцијата на Португалија, со која двата меча ќе играме во март 2023 година.