РФМ и клубовите се договорија: Првенството се игра забрзано, бесплатни тестови, нема котизација…!

Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе итна одлука во однос на играњето на натпреварите од сите конкуренции во забрзан ритам.  Суперлигата, Женската лига и Првата лига, ќе се играат петок и понеделник и сите би требало да завршат до крајот на октомври.

РФМ веќе ги информираше клубовите за оваа одлука и во текот на оваа седмица треба да се моделира календарот во сите конкуренции. Трошоците за тестовои за коронавирус ќе бидат на товар на РФМ, а тестирањето ќе се врши во „ЈЗУ 8-ми септември“.

Секој клуб ќе треба да именува ковид-координатор следнава седмица, кој ќе се грижи за сите работи во врска со спроведувањето на сите пропишани протоколи за организација на натпреварите во сите конкуренции.

Уште една одлука донесе Управниот Одбор на РФМ, а таа се однесува на укинување на котизација за учество во лигите за сезоната 2020/2021 година, која изнесуваше 30.000 денари за есенскиот и исто толку за пролетниот дел.

РФМ ги консултира клубовите – Суперлигата да се игра секој понеделник и петок