РФМ има рок, до 1 јуни мора да го пријави шампионот за ЛШ

Денеска Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија треба да одлучи за тоа кој тим во кој куп ќе игра во следната сезона, а ситуацијата е таква што нема да има многу можност за пролонгирање и одлуката би требало да биде донесена колку е можно побрзо.

Според утврдените термини од страна на РФМ шампионот треба да биде пријавен најдоцна до 1 јуни. Потоа клубот има простор до 9 јуни да го потврди својот настап во Лигата на шампионите. Со оглед на тоа што првенството не беше доиграно одлуката ќе падне по административен пат, па затоа уште не се знае кој тим ќе добие шанса да игра во ЛШ.

За разлика од Лигата на шампионите каде што на 9 јуни ќе биде познато кои екипи се заинтересирани за настап, за другите купови списоците ќе бидат познати на 21 јули.

Ждрепката за Лигата на шампионите е закажана за 1 јули, додека на 28 јули ќе се одржи ждрепката за Лигата на Европа и Европскиот куп.