РФМ го казни Жереми Тото

Вардар во минатото коло во плеј-офот играше натпревар против Еурофарм Пелистер 2 на гостински терен и вардарци не дозволија изненадување, стигнаа до победата со резултат 19:22.

Ракометната федерација на Македонија потврди дека Жереми Тото ќе доби казна со суспензија од еден натпревар и во наредното коло Вардар ќе биде принуден да игра без својот пикер.

Тото е казнет според член 114 од Дисциплинскиот правилник на РФМ.

„Играч, или друг член на екипата кој пред, за време или по натпреварот ќе го навреди судијата на натпреварот, делегат , комесар на натпреварот,службени лица или Управата на РФМ, ќе се казни со забрана за настап до 10 натпревари или со парична казна. За обидот на дисциплинскиот престап од став 1 на овој член, ќе биде изречена казна.“

Францускиот ракометар ќе го пропушти натпреварот против Бутел кој Вардар го игра на домашен терен в сабота од 16:00 часот.