РФМ ги отвори вратите – слободен влезот за дуелот Македонија – Словенија

Македонија ја очекува двомеч во ЕХФ Купот против Словенија, а РФМ соопшти дека за овој натпревар влезот ќе биде слободен.

Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ на 06.03.2022 г. (недела) влезот е слободен.
Согласно Одлуката на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19 дозволен е максимум 50% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект.
При присуство на натпревар, односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи:
– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест Covid-19 или :
– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување“, соопштија од РФМ.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Словенија се игра во Целје на 3 март од 18:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 6 март од 18:30 часот.