Рутенка за коронавирусот: Нашиот претседател не е луд

Легендарниот лев бек на Барселона и на репрезентацијата на Белорусија, Сергеј Рутенка во интервју за Радио Марка ја коментираше со ситуацијата со коронавирусот во Белорусија. Тоа е единствената европска земја каде што се игра ракомет и покрај пандемијата.

„Тука се продолжува вообичаено, но луѓето се исплашени, не знаеме што се случува во окружувањето. Се разбира има помалку луѓе на улиците и во јавниот превоз. Баровите се отворени, но нема премногу гости. Луѓето се исплашени, а многу спортисти велат дека играат за да има луѓето што да гледаат на телевизија. Не би рекол дека нашиот претседател е луд, тој играше хокеј и тоа е сосема нормално. Владата признава дека има зголемување во бројот на заболени, но тоа е незначителна бројка“ коментираше Белорусинот.

Сепак и покрај тоа што се одржуваат спортски настани, челните луѓе на земјата се грижи за своите граѓани.

„Мерките кои се преземаат се многу строги доколку некое лице е заразено со коронавирус. Верувам во раководството на државата и ги разбирам за преземените мерки. Мајка ми е лекар и таа е запознаена со процедурата како да се однесуваме во случај на позитивен коронавирус тест“, изјави Рутенка.

Сергеј Рутенка во февруари бил во Италија, во Бергамо и веднаш бил подложен на тест за коронавирус. Но за среќа тестот бил негативен.