Руски арбитри ќе им делат правда на Македонија и Финска

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Машката репрезентација на Македонија ќе игра против Финска на 4 ноември, а правдата на овој дуел ќе ја делат руските арбитри Koнстантин Ершов и Антон Пављуков.

Делегат на натпреварот ќе биде Марјан Начевски.

Средбата меѓу Македонија и Финска ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ на 4 ноември од 20:00 часот, додека вториот дуел нашата репрезентација го игра на гости кај Швајцарија на 7 ноември од 18:30 часот.