Рускиот спонзор останува, СЕХА лигата продолжува според планот!

Рускиот спонзор Газпром ќе ја продолжи соработката со регионалната СЕХА лига и се би требало да се одвива според планот, независно од актуелната ситуација.

Иако многу клубови и федерации ја прекинаа соработката со оваа компанија, сепак тоа нема да биде случај и со СЕХА.

„Се слушнав со луѓето од Газпром и рекоа дека засега се оди според планот“, кратко коментираше директорот на СЕХА, Синиша Остоиќ, a пренесува „Свијет Рукомета“.

Што ќе се случува со учеството на Мотор Запорожје, кој е во група со Вардар, како и со она на Мешков Брест, останува да видиме, но сосема е извесно дека двомечот меѓу украинскиот и македонскиот првак нема да се играат.

Натпреварот од третото коло во СЕХА лигата помеѓу Војводина и Нексе, претходно закажан за четврток, 3 март е одложен поради густиот распоред на двете екипи во европските и домашните натпреварувања.

Новиот термин и време на одигрување се потврдени, а натпреварот се игра во петок на 15 април во 18:00 часот.